Петковски: Груевски во 2003 година го опструираше носењето на буџетот

Од:

Лидерот на НСДП Тито Петковски, смета дека владејачката партија во изминатите неколку дена ја манипулирала јавноста дека ќе се блокира државата ако не се донесе буџетот, бидејќи во 2003 година, Македонија функционирала со времено финансирање.

„Со таква ситуација Македонија беше соочена во 2002 година кога се носеше буџетот за 2003 година. По изгубените избори во септември 2002 година, тогашниот министер за финансии, сегашен премиер Никола Груевски, кршејќи го законот за буџети, што е потврдено од страна на Државниот завод за ревизија, го опструирал носењето на буџетот за 2003 година“, рече Петковски.

Според него, буџетот за 2003 година бил изгласан на 27 март 2003 година, а стапил на сила на 8 април 2003 година. Во тој период државата нормално функционирала и биле исплаќани, плати, пензии, социјална помош.

Од опозицијата велат дека граѓаните кои се корисници на пензии, социјална помош, приматели на буџетски субвенции, нема причина да бидат уплашени дека со неносењето на буџетот, овие трансфери ќе бидат блокирани.

„Значи не станува збор за крах на системот, туку ова е сеење магла и манипулација од страна на власта“, додаде Петковски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Буџетот е ликвиден и сите обврски се извршуваат навреме

(ВИДЕО) Крмов: Секој трет денар во Буџетот е задолжување и од странски пари

Собранието го донесе Буџетот за 2026 година

Дополнетиот Предлог-буџет на пленарна седница

(ВИДЕО) Битиќи: На крај на годината во буџетската каса фалат една милијарда евра

Горан Наумовски

Петти ден амандманска расправа по Предлог буџетот за 2026 година