Петков: За укинување на ветото за Македонија мора да има напредок во сите важни точки

Од:

Укинувањето на ветото на Бугарија за Северна Македонија е работата што мора да ја направат и македонската и бугарската страна и да се постигне напредок во сите важни точки, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков во телевизиско интервју.

Според Петков добрососедството треба да биде водечко, но тоа бара многу работа од двете страни.

-Бугарија и Северна Македонија мора да работат заедно, потенцира Петков.

На прашањето дали Русија се меша во бугарско-македонските односи преку филмот „Една вера, еден јазик“, Петков коментира дека тезите претставени во него се сосема спротивни на добрососедските односи меѓу Бугарија и Северна Македонија. Петков воедно потсетува дека бугарската Влада се изјасни против филмот и освен што не го одобрува, туку и силно го критикува.

-Бугарија не може да биде рамнодушна кога некој се обидува да ја поткопа бугарската историја, наведува Петков.

Би можело да ве интересира

Вајц се надева дека земјава по локалните избори ќе ги направи уставните измени за внесување на Бугарите

Изјавите на словачкиот претседател за Македонија ја налутија Софија

Муртезани: Кај премиерот и Владата постои сериозна одлучност за надминување на спорот со Софија по изборите

Катерина Ѓуровски

Уставните измени до 10 февруари, да не се прифаќаат дополнтелни барања од Бугарија – Филипче ја објави Резолузијата со црвените линии

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Предлогот за резолуција со Бугарија за македонски јазик е штетна

Екс премиерот на Бугарија – Кирил Петков не е веќе пратеник, си поднесе оставка

А1он