Петиција за Сеопфатно сексуално образование во Штип

Од:

Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување ХЕРА од денеска почна со собирање потписи за воведување на предметот Сеопфатно сексуално образование во учебната 2014-2015. Волонтерот во НВО ХЕРА, Велимир Савевски изјави дека за неполн час на пунктот кај Градскиот плоштад во Штип собрале 30 потписи од граѓаните.

– Ги одбравме поголемите градови, а почнавме од Штип. Штипјани ја имаат таа чест и привилегија први да ни ја дадат подршката. Како младинска група на ХЕРА и како ХЕРА организација, сметаме дека воведувањето на Сеопфатно сексуално образование како редовен предмет во училиштата е неопходност и ургентност кај младите. Имаме многу истражувања направено кои ја подржуваат тезата зошто навистина е неопходно за младите да се воведе предметот, истакна Савевски.

Тој рече дека имаат многу аргументи зошто Владата треба да го воведе предметот Сеопфатно сексулано образование. Нивните анкети меѓу основците и средношколците покажале дека само 1,6 отсто од младите девојки кои се на возраст од 15 до 19 години користат орална модерна контрацепција и само 34 отсто од младите користеле кондоми при последниот сексуален однос.

– Сеопфатно е ставен терминот пред сексуално образование затоа што нашиот народ се плаши од самиот збор сексуално, а сеопфатно укажува дека младите нема да учат само за репродуктивната компонента, односно како е да се има деца, што е мајчинство и сите тие теми од репродуктивното здравје, туку ќе учат за сексуалното здравје и човековите права, посочи Савевски.

Акцијата за собирање потписи за воведување на предметот Сеопфатно сексуално образование во текот на учебната 2014-2015 година, ХЕРА наредните денови ќе ја спроведе и во другите градови.

Би можело да ве интересира

Во штипско Ново Село панихида за Тодор Александров, се одбележаа 102 години од неговото убиство

Штип е без вода, филтер станицата e исклучена поради екстремна заматеност од синоќешното невреме

Горан Наумовски

Се претставил како директор, па ја измамил за илјадници евра

Горан Наумовски

Клековски: Формирана e комисија за надзор над случајот со родилката од Штип, ќе се вклучат двајца странски стручњаци

Горан Наумовски

38-годишен штипјанец почина во својот дом

Горан Наумовски

ВИДЕО: Невремето ја оштети ортопедијата во Штип, пациентите со скршеници ќе се препраќаат во други болници