Петиција сообраќајот за југоистокот да не се одвива низ Штип, додека се проширува патот Штип-Радовиш

Од:

Поради изградба на експресниот пат, односно проширување на старата коловозна лента од штипската населба Три Чешми до мостот на реката Брегалница на патот Штип-Радовиш планирано е во наредните шест месеци сообраќајот да се пренасочува низ градот Штип.

Граѓани и бизнис секторот од Штип веќе имаат петиција за да сообраќајот не се одвива низ неколку улици во Штип, туку да се најде алтернативно решение по кој ќе се одвива транспортот на патници и стока од југоисточниот регион кон Скопје и во спротивен правец.

Според градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов, доколку сообраќајот се одвива по булеварот „Гоце Делчев“ и низ населбата Ново село ќе се создаде и дополнителен сообраќаен метеж, бидејќи ова е и влез и излез кон Кочани и останатите општини од источниот регион, а дополнително низ овие улици се транспортираат и пациентите со возила на Итната медицинска помош не само од Штип, туку и од останатите општини од источниот регион.

Посочи дека веќе десет дена е во интензивна комуникација со министерот за транспорт и врски, Јавното претпријатие за државни патишта и со сообраќајната полиција.

-Мислам дека ќе наидеме на разбирање од истите институции и ќе го најдеме и добиеме најдоброто решение, кое ќе биде најдобро за нашите граѓани, а ќе биде најдобро и за јавните претпријатија коишто ги градат патиштата во нашата држава, бидејќи и тие ни се потребни како за функционирањето на приватниот, како и на правниот сектор во нашата држава,рече Николов денеска на прес-конференција.

Посочи дека во моментов има слух од надлежните институции да се најде решение за проблемот, како и за барањата на граѓаните и бизнис секторот на Штип. Очекува наредната недела да има средба со првите луѓе надлежни за негово надминување.

Низ овој дел на градот, каде што ќе се одвива сообраќајот за југоисточниот регион има и неколку стари склонопадни куќи. Сопствениците со години не можат да направат никакви интервенции на нив, бидејќи се заштитени од страна на Министерството за култура. Тие стравуваат дека доколку по улицата поминуваат камиони над 10 тони може да се случи и трагедија, а во документите кои ги имаат стои дека токму тие ќе бидат одговорни, доколку дел од нив се урнат или го загрозат здравјето и безбедноста на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Со автомобил удрил во маса на која седела жена и нејзиното семејство, потоа настанала тепачка

Сообраќајка во Штип: Со автомобил удрил во три паркирани возила, а повредил и пешак

Горан Наумовски

Во Штип се одбележаа 81 година од депортацијата на Евреите во логорот на смртта „Треблинка“

Кривична пријава против 26 лица, го оштетиле Буџетот на општина Штип за над 18 милиони денари

Штипјанец физички ја нападна поранешната девојка и нејзиното момче

А1он

Најдена дрога при претрес на куќа во Штип, меѓу приведените и 22 годишна девојка

А1он