Петгодишно девојче искасано од куче во Гостиварско

Од:

Петгодишно девојче во гостиварската населба Фазанерија, било нападнато и искасано од куче од расата „германски овчар“. Девојчето со сериозни повреди на главата и окото откако добило прва медицинска помош во гостиварската болница префрлено е во Клиничкиот центар во Скопје.

Настанот во полиција вчера попладне го пријавиле лекарите од Општата болница во Гостивар, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Од СВР Тетово го потврдија случајот и по извршениот увид, работат на расветлување на  поединостите под кои настанал нападот, каде и како точно кучето го нападнало девојчето.

Во последниов месец ова втор случај на напад на куче врз дете во гостиварско, кој завршил со посериозни повреди.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип