Петер: Пожарот најверојатно од апарати за заварување

Од:

Најверојатна причина за пожарот што избувна претпладне на фасадата на зградата на ЕВН Македонија,  според генералниот директор Штефан Петер, бил огнот од апарати за заварување.

– За причините на пожарот треба да се почека конечниот извештај, но очевидци дадоа изјави дека истовреме со изградбата на фасадата имало и заварување така што најверојатно причината била отворениот оган од апаратите за заварување, изјави Петер, одговарајќи на новинарски прашања по презентацијата на резултатите од истражувањето за бизнис климата во Македонија.

Најважно, како што рече, е што немаше повредени лица, и има само мали оштетувања.

– Херои на денот се пожарникарите и луѓето кои работат таму бидејќи тие одговорија и делуваа за неколку минути  беа на лице место и да не беше така не знам  што ќе се случеше. Моја искрена благодарност и честитки до вашите пожарни служби, рече Петер.

Во гаснењето на пожарот што избувна пред десет часот изутрина во зградата на ЕЛЕМ и ЕВН Македонија во центарот на Скопје противпожарните екипи интервенираа со шест возила и со водени топови.

Би можело да ве интересира

Денеска активни се девет пожари, а три се под контрола

Под контрола пожарот кај Пелистер, пожарникарите спречуваат ширење кон шумата

Горан Наумовски

Активни се седум пожари, а 16 се изгаснати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелов: Пожарот на Пелистер не стивнува – на терен се пожарникари, механизација и воздухоплови

Горан Наумовски

Под контрола е пожарот во Националниот парк „Пелистер“

(ВИДЕО) Пожарот кај Макази се шири кон Пелистер, има индиции дека е подметнат

Горан Наумовски