Пет возила што вршат јавен превоз во Битола имале неисправни сопирачки

Од:

Полициски службеници од СВР Битола денеска од 8 до 14 часот спровеле акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници. При контролата биле откриени и санкционирани пет возила со неисправни сопирачки, кои веднаш се исклучени од сообраќајот, а изготвени се и соодветни поднесоци.

Како што соопшти МВР, четири возила се на територија на Битола и едно возило на територија на Прилеп.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, се вели во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра