Пет тони смет собрани во акција на Општина Кисела Вода и ЈП „Паркови и зеленило”

Од:

​Акција за чистење на Општина Кисела Вода се одвиваше во изминатите 7 работни дена. Општината преку Секторот за месна самоуправа и социјална заштита во изминатите седум работни дена активно се вклучи во соработка со ЈП „Паркови и зеленило” во чистење на блоковското зеленило и наталожениот смет.

Четири екипи од по 12 сезонски работници работеа во урбаните заедници Цветан Димов и Бирарија, каде се чистеше на потегот од зградите на ул. „Антон Попов” од бр. 16 до број 24, како и целото блоковско зеленило на улица “Вера Јоциќ”.

Акцијата продолжува во урбаната заедница Населба Драчево. Досега се собрани околу 5 тони отпад. Доколку дозволат временските услови, од 09. 01. до 11. 01., за расчистување на сметот во овој дел од градот Општина Кисела Вода ќе ангажира 30 сезонски работници.

Aктивностите на општина Кисела Вода за расчистување на теренот ќе продолжат и во годината што е пред нас, но повторно сакаме да апелираме за за почитување на Законот за јавна чистота, односно совесно однесување кон животната средина, во која и самите граѓани живеат.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Четири години локална власт во Кисела Вода предводена од ВМРО-ДПМНЕ, четири години развој на општината

Ѓорѓиевски: Повеќе од 20 спортски терени се изградени изминативе четири години во општина Кисела Вода

Почина жена, а малолетник е во Ургентен центар по пад од зграда во Кисела Вода

Жителите на улица Народни Херои на протест – блокада на булеварот Борис Трајковски

Горан Наумовски

Запаленото возило од „Расадник“ е во сопственост на суспендиран полицаец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пиромани во Кисела Вода: Се палат автомобили на паркинзи, изгоре и расадникот

A1on