Пет сообраќајки вчера во Скопје, тројца повредени

Од:

Три лица се полесно повредени во две од пет евидентирани сообраќајни несреќи во изминатото деноноќие во Скопје. Останатите три сообраќајки се со последица материјална штета.

Како што информира самостојниот инспектор Драган Вељаноски,  сообраќајната полиција вчера санкционирала 17 возачи кои не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, тројца поминале на црвено светло  на семафорот, 32 возеле без сигурносен појас или зборувале на мобилен, а шест не ги почитувале правилата за престигнување и обиколување на Моторните возила.Отстранети се и 38 неправилно паркирани возила.

Од МВР информираат дела денеска ќе одржиме сообраќајна поука на која ќе присуствуваат учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци во својство на возачи кои не го користеле сигурносниот појас или користеле мобилен телефон при возење, непрописно се престроиле пред крстосница, како и возачи кои што не го почитувале ограничувањето на брзината на движење..

Во  делот на превентивните активности се предвидени едукативни работилници со учениците од   II и IV  одделение во О.У„ Дане Крапчев“ и ОУ „Н.Н. Борче“општина Гази Баба.

За вечер во 19 часот пред зградата на Собрание на РМ е најавен мирен протест на ГДОМ. Од причини што се очекува   присуство на  поголем број на граѓани, а со цел овозможување на безбеден и уреден сообраќај од страна на полицијата ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување а по потреба и пренасочување на сообраќајот, истакнуваат од МВР.

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он

Пет денови посебен режим на сообраќај во главниот град

А1он

Казнети 285 возачи во Скопје, 107 за брзо возење

Поради генерална проба за Министерскиот совет на ОБСЕ, утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Предраг Петровиќ