Пет пожари во Кавадаречко поради неисчистени оџаци

Од:

Поради неисчистени оџаци во Кавадаречко за неколку дена од стартот на грејната сезона избувнале пет пожари, предупреди денеска командирот на територијалната противпожарна единица од Кавадарци, Илчо Богевски.

– Апелираме до граѓаните дека три пати годишно треба да се чистат оџаците. Да се провери дали се тие добро измачкани однадвор и ако не се, да се измачкаат. Да се провери и електричната инсталација која минува покрај нив. Доколку сепак дојде до пожар, огнот да не се гаси со вода оти во тој случај ќе потече црнило од оџакот или ќе дојде до негово кршење. Во таква ситуација најдобро е да се контролира горењето,  а доколку тоа не е можно, да се повика на помош противпожарната служба, рече Богевски.

Од почетокот на годината до денес во оваа единица, како што информираше командирот, евидентирани се 85 пожари во кавадаречко и росоманско. 55 од нив се во затворени простории, 20 на отворен простор, а има и 10 технички интервенции.

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Заматена водата за пиење во Кавадарци и Неготино поради дождовите, потребно е да се преврива

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан