Пет пожари вчера во Крива Паланка, еден се уште активен

Од:

Екипите на територијалната противпожарна единица Крива Паланка во текот на вчерашниот ден интервенирале на пет пожари, а еден се уште активен и се работи на догасување на истиот. Во овој пожар во селото Баштево изгорени се пет стари куќи кои во моментот не биле населени.

– Вчера во 8 часот и 40 минути примена е дојава за запалена сува трева во м.в. Габарско ливаѓе во село Габар каде гореше на три различnи локации. Пожарот го гасеа три екипи пожарникари, три на ЈП Македонски шуми ПШС “Осогово” и една од ДЗС Крива Паланка. Оттука екипите продолжија во село Градец, маала Петковци оддалечено два километри, по дојава околу 12 часот, каде беше подметнат пожар во овоштарник. Истиот е изгаснат за краток период ,информира Иле Коцевски, командир на ТППЕ Крива Паланка.

Во сите интервенции паралелно се вклучиле екипи на вработени во ЈП Македонски шуми ПШС “Осогово”.

– Третиот пожар беше кај м.в.Паднати бандери, село Конопница, каде се опожарени 0,5 декари сува трева и бор. Околу 15 часот и 30 минути гореше повторно сува трева во с. Градец. Во 17 часот и 40 минути е дојавата за пожар во село Баштево, кое се наоѓа во тешко пристапен планински терен, а гореа куќи. Три од нив се стари и паднати, но две кои изгореа сопствениците ги користеле за привремен престој. Интервениравме со две екипи и седум пожарникари, дополнително две екипи од шумско стопанство и месно население, додава Коцевски.

Истакна дека до 23 часот синоќа активно гаснеле на терен, екипите се повлечени во текот на ноќта, а од пет утринава, десет луѓе повторно се на терен и гаснат, бидејќи истиот се шири под земја и по корењата на дрвата. Пожарот е се уште активен и се работи за негова ликвидација.

Би можело да ве интересира

Пожар во магацин за гуми во Загреб, неколкумина се тешко повредени

(ВИДЕО) Горат седум облакодери во Хонг Конг – најмалку 36 мртви и 279 исчезнати

А1он

Кривична за пироман од Штип: Изгореа делови од две куќи, гаража, шума…

(ВИДЕО) Горат неколку згради во Хонг Конг, се бројат загинатите и повредените

Горан Наумовски

Огромен пожар во Дака: Илјадници луѓе останаа без покрив над главата

Пожар избувна во полициската станица во Книн, делови од градот без струја