Пет повредени во тешка сообраќајка кај археолошкиот локалитет Баргала

Од:

На регионалниот пат Штип – Плачковица, кај археолошкиот локалитет Баргала, се случи тешка сообраќајна несреќа во која се повредени пет лица на возраст од 18 до 20 години.

Несреќата се случила околу 22 часот. Со патничко возило „голф“ управувал 20-годишниот Б.К. од Штип кој засега од непознати причини излетал од патот. Во возилото биле и четири девојчиња од кои три од Штип и една од Делчево, И.С. (18) од Делчево, Н.С. (18), К.Т. (18) и С.Д. (19), трите од Штип.

Портпаролот на СВР Штип Гордана Панајотова информира дека во незгодата возачот и една од сопатничките се здобиле со телесни повреди, додека три сопатнички се здобиле со тешки телесни повреди, од кои две се веднаш пренесени во Клиничкиот центар во Скопје.

Во тек е истрагата за несреќата која што се случи на регионалниот пат Штип – Плачковица.

За само три дена, ова е втора несреќа во источниот регион во која учествуваа млади луѓе. 

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски