Пет полицајци повредени во вчерашните протести

Од:

Пет униформирани полициски службеници се повредени во вчерашните протести во Скопје. Укажана им е лекарска помош во ГОБ – Св. „Наум Охридски“ каде што им се констатирани телесни повреди и се пуштени на домашно лекување, соопшти денеска МВР.

Во соопштението се појаснува дека вчера во 18.00 часот во Скопје пред објектот на Собранието на РМ лоциран на ул.„11-ти Октомври“ започнало со собирање на група на граѓани  од невладини организации, граѓански иницијативи, движења и неформални групи.

Во 18.40 часот бројката на протестанти достигнала од 4.000 граѓани кои ја блокирале улицата и во еден  момент дел од групата од околу 2.000 лица започнале со движење кон ул.„Димитрие Чуповски“ во правец на Полициската станица – Центар, а потоа се упатиле и во правец на ул.„Даме Груев“ кон објектот на ВМРО-ДПМНЕ. Во непосредна близина на ТЦЦ Плаза биле блокирани од страна на полициски службеници кои поставиле поставен кордон. Дел од групата граѓани започнала со каменување на полициските службеници.

– Без употреба на физичка сила, со употреба на тактичка техника – потиснување, масата од околу 2.000 граѓани од страна на полициските службеници била потисната, а се со цел одбивање на каменувањето, како и да се спречи оштетување на објекти и повреди на други лица, се вели во соопштението.

Откако групата почнала да се растура, дел од околу 1.000 лица се упатиле пред објектот на Влада на РМ каде што по краток престој се разотишле во помали групи во различни правци. Собирот завршил во 22 часот.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он

Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

А1он

Aкција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци