ВИДЕО: Пет месеци затвор за палење на македонското знаме

Од:

Со 5 месеци затвор, Основниот суд во Струга го осуди Минир Исмаили од селото Шум кој на 23 јануари го запали државното знаме на Република Македонија. Според судот, Исмаили предизвикал расна и етничка нетрпеливост.

Одбраната на обвинетитот вели дека не се задоволни од пресудата и ќе се жалат на повисоки судски инстанци и сметаат дека Исмаили не предизивикал никаква нетрпеливост кај граѓаните.

Обвинетиот Исмаили за А1 кажа дека тоа го направил затоа што на европското првенство во ракомет во Србија во присуство на Претседателот на РМ од страна на македонските навивачи биле извикувани навредливи антиалбански навреди. Тој најави протести доколку политичките партии на Албанците „не реагираат на ваквите појави“ со цел да го крене гласот на сите Албанци што живеат во Македонија.

 

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски