Пет малолетници од Скопје извршиле седум кражби во продавници

Од:

Пет малолетници од Скопје добија кривична пријава поради основано сомнение дека извршиле седум разбојништва во текот на јануари и февруари годинава.

МВР ги сомничи Ф.Д. (19), С.Н. (18), А.М. (17), С.К. (18) и М.Џ. (18) дека извршиле кражби во продавници низ скопско, од каде го одзеле дневниот промет.

Првата кражба ја извршиле на 20 јануари околу 20:30 часот во продавница на улицата „Козле-1“ каде со закана со безбол палка и нож го одзеле дневниот промет од околу 16.500 денари, а втората во маркет на ул. „Рузвелтова“ каде со закана со безбол палка одзеле околу 30.000 денари и 30 кутии цигари. На 29 јануари околу 21:55 часот во самопослуга на улицата „1“ во Ново Село на идентичен начин го одзеле дневниот промет од околу 11.000 денари, а следниот ден околу 20:45 часот во продавница во селото Радишани го одзеле дневниот промет од околу 26.000 денари.

На 3 февруари околу 19:30 часот во мини маркет во селото Визбегово на идентичен начин со безбол палка и нож повторно го одзеле дневниот промет од околу 30.000 денари и неколку кутии со цигари, а пет дена подоцна околу 20:30 часот извршиле разбојништво во продавница на улицата „Борис Сарафов“ од каде што го одзеле дневниот промет од 20.000 денари. На 10 февруари околу 18:30 часот во продавница во Радишани го одзеле дневниот промет од околу 20.000 денари.

На 11 февруари биле извршени претреси во домовите на Ф.Д., С.Н. А.М. и М.Џ. при што кај првите тројца биле пронајдени предмети од интерес на истрагата. Пријавените биле приведени и задржани во полициската станица во Карпош каде ги признале делата.

Би можело да ве интересира

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби

Македонец и Србин ограбиле продавници во Подгорица, имале добро разработена тактика: Пронајдени се и сомнителни документи

Горан Наумовски

Четворица струмичани од камион украдоа 160 вреќи компир

Горан Наумовски

Лувр е повторно отворен

Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка

Скопјанец украл кредитна картичка од познаничка и подигнал 1.700 евра