Пет лица загинаа во сообраќајка на патот Битола-Прилеп

Од:

Синоќа околу 21.30 часот, на регионалниот патен правец Битола-Прилеп, во непосредна близина на населеното место Лознани се случи тешка сообраќајна несреќа во која животот го загубија пет лица, а две лица во тешка здравствена состојба се на лекување во Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“-Битола.

Утрово од СВР-Битола информираа дека во сообраќајката учествувале две патнички возила од Крушево и Скопје, а веднаш по несреќата интервенирале екипи на итната медицинска помош, истражен судија, и други стручни лица за утврдување за причините за несреќата.

Сообраќајот на регионалениот патен правец Битола-Прилеп повеќе од пет часа беше пренасочуван по стариот пат во овој дел на Пелагонија, а нешто по еден часот по полноќ и нормализиран за сообраќај, потврдија од СВР-Битола од каде најавија соопштување на повеќе детали за синоќешната сообраќајка во текот на денов.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип