Пет лица полесно повредени во сообраќајки во Скопје

Од:

Пет лица се здобиле со полесни повреди во пет од вкупно 10 сообраќајки во текот на изминатиот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во пет сообраќајки била причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и исклучила од сообраќај 33 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, пет возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 20 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, еден почетник, како и три технички неисправни возила, 12 нерегистрирани и едно возило за претовар.

Санкционирани биле и седум возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, еден возач не дал првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, еден возач за неправилно престигнување, пет возачи за не користење заштитен шлем, 11 возачи за не носење сигурносен појас и 14 возачи користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.

Шест пешаци биле санкционирани за минување коловоз вон пешачки премин.

Затекнати биле 27 непрописно паркирани возила, а со специјалното возило „пајак“ биле отстранети 58 возила.

Би можело да ве интересира

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он

Пет денови посебен режим на сообраќај во главниот град

А1он

Казнети 285 возачи во Скопје, 107 за брзо возење

Поради генерална проба за Министерскиот совет на ОБСЕ, утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Предраг Петровиќ

Снег во Дебарско, прекини во снабдувањето со струја

Во прекин сообраќајот за тешки товарни возила на патот Струга – ГП „Ќафасан“

Предраг Петровиќ