Пет години од отворањето на Институтот „Конфуциј“ во Скопје

Од:

Институтот „Конфуциј“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје вечер во Македонската опера и балет свечено ќе одбележи пет години постоење во Македонија.

На свечената програма, на која реч ќе има ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски, на кинеска цитра ќе настапи младата уметница од Кина Лијао Шинран, ќе има модерен танц на кинески теми во кореографија на Леонина Пекеска-Корнети, таи чи чуан во изведба на Здружението за кинески вежби „Јин-јанг“, како и претставување на македонскиот фолклор со настап на АКУД „Мирче Ацев“. Македонската естрадна уметница Сузана Спасовска, која е и курсист на Институтот „Конфуциј“, ќе настапи со традиционални кинески песни.

Институтот „Конфуциј“ беше отворен на 3 септември 2013 година, основан согласно со потпишаниот договор помеѓу Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со Централната управа на институтите „Конфцуиј“ и во соработка со Југозападниот универзитет за финансии и економија од Ченгду во Кина.

Неговото отворање пред пет години се совпадна со одбележувањето 20 години од воспоставувањето дипломатски односи помеѓу Народна Република Кина и Република Македонија.

Институтите ,,Конфуциј” се непрофитни образовни институции, чија цел е да се промовира кинескиот јазик и култура, да се поддржи локалната настава по кинески јазик и да се овозможи културната размена.

Би можело да ве интересира

Вработените на петте јавни универзитети на мирен протест побараа потпишување на колективен договор и изедначување со УКИМ

Горан Наумовски

Ристов: Непочитувањето на колективен договор на УКИМ е кршење на принципот на владеење на правото

Ќе се зголемува школарината за студентите: Предлогот за поскапување испратен до студентските собранија

Орце Костов

Професори од УКИМ бараат пријавата против ректорката Ангелова да биде приоритет за Антикорупциска

Катерина Ѓуровски

Професори од УКИМ поднесоа пријава до Антикорупциска против рекорката Биљана Ангелова

Уписи на УКИМ – слободни 10 473 места за бруцоши на 23-те факултети