Пет години од настаните во кумановско Диво Насеље, одржана панихида за загинатите полицајци

Од:

Во Соборниот храм „Свети Никола“ во Куманово, денеска се одржа панихида за осумтте загинати припадници на полицијата кои учествуваа во вооружената престрелка во кумановско „Диво Насеље“ што се случија на 9 и 10 мај во 2015 година. Панихидата ја организираше група бранители од Куманово, а присуствуваше и министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

-Група бранители секоја година организира панихида по повод загинувањето на нашите браќа бранители во 2015 во настаните во Диво Насеље. На овој начин се обидуваме да не паднат во заборав, народот да ги запомни нивните жртви, да знаат зошто загинаа, да им кажуваат на нивните деца и внуци дека за Македонија секогаш има спремни јунаци кои ќе го дадат најмилото-животот, изјави Предраг Петрушевски-Бинго од група бранители.

Миниситерот Чулев изрази сочувство до семејствата и најблиските на загинатите припадници кои, како што рече, на денешен ден пред пет години ги положија своите животи во одбрана на уставниот поредок, мирот и сигурноста на сите граѓани.

Тој додаде дека несреќниот настан кој се случи во Куманово е без дилема еден страшен потсетник за реалноста од терористички закани и предизвици, за заедничката граѓанска осуда на таквото безумие, но уште повеќе за храброста и пожртвуваноста на припадниците на македонската полиција да го зачуваат нашиот мир и безбедноста нежалејќи ги своите животи.

Во рамки на одбележување на овој тажен ден за Министерството за внатрешни работи министерот Чулев положи и цвеќе на спомениците кои во нивна чест се подигнати во круговите на Единицата за брзо распоредување и Единицата за специјални задачи на чии редови припаѓаа овие полициски службеници.

-Нашето општество сите негови чинители мора и се должни да извлечат силна поука од настанот во Диво Насеље: слободата, животот и безбедноста се најскапоцени вредности што сите заедно мораме да ги чуваме и негуваме. На тоа не обрврзува жртвата на нашите колеги дадена во името на иднината на сите македонски граѓани. И таа жртва не смее и нема да биде заборавена. Нека им е вечна славата, додаде Чулев.

Во престрелките животот го загубија Жарко Кузмановски, Ненад Серафимовски, Сашо Самојловски, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Исамедин Османи, Љубиша Аранѓеловиќ, Горан Стојменовиќ кои посмртно беа одликувани со „Медал за храброст“, а 37 припадници на безбедносните сили беа повредени.

Кумановци на 9-ти мај пред пет години ги разбудија звуци од оружје, надлетувања хеликоптери, дел од градот во близина на „Тоде Мендол“ или попознато како Диво Насеље беше затворен. Граѓаните и наредниот ден слушаа рафали, се гледаше црн чад. Денес за овој настан сведочат вдлабнатини од куршуми на една од куќите на почеток од уличката „Јоско Илиевски“ која сведочи за кумановските настани од 9 и 10 мај 2015 година.

Граѓаните велат дека настаните не треба да се заборават и никогаш да не се повторат.

И кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски сподели видео на социјалните мрежи од Диво Насеље, истакнувајќи дека градот ќе продолжи да се развива, но и дека заслужува одговор што вистински се случи на 9 и 10 мај 2015.

Тој во објавата им го честиташе на граѓаните, Денот на подедбата над фашизмот, на обединета Европа, но и истакна дека денеска градот се сеќава на пет години од настаните од „Диво Насеље“

Би можело да ве интересира

Девојче било истепано на свадбена веселба во Куманово

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени

Сообраќајка во Куманово, тешко е повреден пешак

Потребни ригорозни санкции за оние кои ги напуштаат милениците и исфрлаат легла апелираат ветеринарите

Куманово: Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи

Градежна инспекторка од Куманово побарала поткуп од 4.000 евра