Пет години од хеликоптерската несреќа кај Блаце

Од:

По повод навршувањето пет години од хеликоптерската несреќа во која трагично загинаа единаесет припадници на воздухопловниот ВИНГ (вВИНГ) на АРМ денеска делегации од Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ, Здружената оперативна команда (ЗОК) на АРМ, воздухопловната бригада, како и членовите на семејствата на загинатите положија венци со цвеќе на спомен обележјата пред командата на ВИНГ во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец и на местото на несреќата кај Катлановско Блаце.

Со едноминутно молчење и цвеќе на вечниот паметник им оддадоа почит на Тони Спасовски, Горан Ристовски, Бране Спасовски, Игор Ѓорески, Славчо Василев, Тони Давитковски, Јанко Шириќ, Мики Ивановски, Александар Тасковски и Александар Васиќ и Златко Вељановски. Мајката на мајорот Горан Ристовски одново се потсети на кобниот ден, кога стигна веста дека нема преживеани од хеликоптерот Ми- 17.

Македонските мировници кои се враќаа дома по шестмесечната мисија во АЛТЕА, на денешен ден пред пет години полетаа со хеликоптерот околу 9 часот и 30 минути од базата Бутмир кај Сараево. Требаше да слетаат на воениот дел од скопскиот аеродром, а последниот контакт со контролната кула леталото го направило на шест милји од целта.

Хеликоптерот „МИ 17“ со кој 11-те мировници тргнаа во последниот нивни лет, беше од руско производство, наменет за транспорт на луѓе и товар, за воздушни десанти и за огнена поддршка. Има тричлен екипаж – двајца пилоти и авиомеханичар. Може да превезува 32 патника или товар до четири тони. Може да има разновидна техничка опрема и да биде вооружен со ракетни лансери, бомби и митралези. МИ – 17 и неговата постара верзија МИ-8 во повеќе од 50 држави во светот, најчесто се користат за воени, но и за цивилни потреби.

Од Јавното обвинителство на 20 декември 2011 година информираа дека нема да биде поведена кривична постапка за хеликоптерската несреќа, бидејќи не постои основано сомнение дека кое било службено или одговорно лице сторило кривично дело за кое се гони по службена должност.

Единствена причина за падот на армискиот хеликоптер, според државниот јавен обвинител Љупчо Шврговски, е необученоста на пилотите за управување во сложени временски услови. Ова било потврдено и во Извештајот подготвен од британскиот воздухопловен експерт Едвард Пули на барање на македонското Јавно обвинителство.

Би можело да ве интересира

Отворен ден на АРМ по повод годишнина од членството на Македонија во НАТО

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Власта да ја стопира набавката од 250 милиони евра за транспортни хеликоптери во изборен период

Отворен ден на Армијата по повод четири години од членството во НАТО и 75 години од формирањето на Алијансата

Армијата за 230 милиони евра ќе се опреми со осум хеликоптери од италијанскиот производител „Леонардо хеликоптерс“

Објавен jавен оглас за прием на 300 нови професионални војници во Армијата

Нови 150 професионални војници во редовите Армијата добија договори