Пет фирми се пријавиле за изработка на документација за гасификација во Штип

Од:

Пет фирми учествувале во вчерашната електронската лицитација за изработка на основен проект и идејно решение за изградба на секундарна гасификациска мрежа во Штип. Градоначалникот на Штип, Благој Бочварски вели дека надлежната Комисијата треба да се состане и да донесе одлука дали ќе се прифати најповолната понуда или нема да се прифати.

– Можам да кажам дека сериозно е намалена сумата од тоа што првично беше поставена. Но, кога ќе се состане Комисијата, ние заедно со нашата одлука ќе ги информираме медиумите за нашата одлука, која ќе ја донесеме, а верувам во понеделник или вторник, рече Бочварски.

Тој додава дека на огласот се пријавиле вкупно шест фирми, но пет ги исполнувале условите и токму толку фирми учествувале во електронската лицитација.

– Најниската понуда не би ја спомнувал се уште во јавноста, бидејќи комисијата се уште нема донесено никаква одлука. Можеби овој тендер, доколку одлучи комисијата ќе биде поништен, вели Бочварски.

Штипскиот градоначалник најави дека во текот на наредната недела ќе се знае исходот од оваа тендерска постапка.

Во Штип треба да се гради гасификациска мрежа во должина од 20 километри, најзаинтерсеирани за приклучување се индустриските објекти, а на неа ќе бидат приклучени и општинските и државни институции и домаќинства.

Би можело да ве интересира

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он