Пет детски игралишта во Центар адаптирани за децата со посебни потреби

Од:

Нови адаптирани лизгалки, клацкалки и реквизити за вежбање ќе бидат поставени на 5 постоечки постоечки детски игралишта на територијата на Општина Центар.

Адаптирањето подразбира оформување на простор со реквизити кои би биле достапни и за децата со инвалидитет, што ќе им овозможи безбедно да си играат, да се социјализираат и ќе им се овозможи поттикнувачка средина за правилен раст и развој.

Реализацијата на овој проект, кој е во интерес на децата со попреченост, е на Министерството за труд и социјална политика, во партнерство со Националниот Сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија „Мобилност Македонија“ и Општина Центар.

Министерството ги обезбеди реквизитите, а општина Центар просторот. Адаптираните игралишта, според европски критериуми, ќе бидат достапни за децата со попреченост.

Овој проект ќе го подигне сознанието за различностите од најрана возраст и подигање на свеста за неопходноста од социјализирање и инклузија на овие деца.

Вакво игралиште веќе е адаптирано кај централниот парк во Капиштец, а ќе се постават и на игралиштата во Градски Ѕид – Агромеханика, Градски Ѕид – Автомакедонија, Градски Ѕид – Зелен Пазар и Капиштец – Зебра.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски