Пет деца во САД загинаа во пожар

Од:

Пет деца во САД загинаа во пожар во двокатна куќа, кој избувнал додека нивниот татко бил на божиќен шопинг, пишува Sky News. Трагедијата во која животот го загубија едно девојче и четири момчиња се случи во Булхед Сити, Аризона.

Децата на возраст од 2, 4, 5 и 13 години кои загинаа се браќа и сестри, додека 11-годишното момче е нивен братучед кој дошол на гости. Таткото на четири деца им рекол на инспекторите дека ги оставил во домот околу два и пол часа додека одел на шопинг за храна и божиќни подароци, извести полицијата на градот Булхед.

Според полицијата, во тој момент во домот немало други возрасни лица.

Истражителите веруваат дека пожарот избувнал од приземјето и се проширил низ единствените скали во внатрешноста на куќата и затоа децата не можеле да излезат од куќата.

Полицијата соопшти дека телата на петте деца биле во истата спална соба на катот од домот. Шефот на полицијата на Булхед, Роберт Требес, рече дека инспекторите неуморно работат за да добијат одговори за причините за пожарот, пишува Sky News.

Би можело да ве интересира

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници