Пешевски: Имаме позитивен тренд во туризмот

Од:

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски, рече дека Македонија бележи позитивен тренд во туризмот. Укажа дека во 2011 година бројот на туристи изнесувал околу 650 илјади годишно, а зголемување од 25 проценти имало и кај странските туристи.

„Во 2012 година очекуваме подобри резултати, иако сме сведоци дека во Европа поради должничката криза и опасностите од подолга рецесија приходите од туризмот во туристички најсилните дестинации се намалуваат. Кај нас годинава тоа не е случај. Податоците за април говорат дека има зголемување од 9,6 проценти кај бројот на туристи, за 14,4 проценти кај странските туристи и за 3 проценти кај ноќевањата, нагласи Пешевски, одговарајќи му на Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ за тоа какви се очекувањата во туризмот.

Истакна дека Владата гледа во туризмот голем потенцијал за развој и поради тоа во изминатиот период се преземени голем број активности кои се во насока на подготовка за посериозен прилив на странски туристи.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?