Пешак загина во сообраќајка на магистралниот пат Охрид-Кичево

Од:

Едно лице загина во сообраќајна несреќа синоќа во 18:45 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај селото Горенци, соопшти Секторот за внатрешни работи Охрид.

Сообраќајната незгода се случила кога возило „БМВ“, со тетовски регистарски ознаки, кое се движело по магистралниот пат во правец од Кичево кон Охрид, директно удрило во сега починатата, која се движела на коловозот во спротивниот правец.

Од здобиените повреди, на местото починала Ќание А. (74) од Охрид. Нејзината смрт е констатирана од лекар од Брза помош, а на местото на сообраќајната незгода, извршен е увид во присуство на јавен обвинител, овластен судски вештак и полициски екипи од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид

За време на увидот од 19:15 часот до 22 часот од страна на полициски службеник е вршено наизменично регулирање на сообраќајот.

По наредба на јавниот обвинител, врз телото на починатата денеска ќе биде извршена обдукција. Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, презема интензивни мерки за пронаоѓање на патничкото моторно возило „БМВ“ кое по случената сообраќајна незгода го напуштило местото на настанот.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип