Пешак туркал тротинет, удрил во возило и се повредил

Од:

Малолетник е тешко повреден во сообраќајна несреќа што синоќа се случила во Кавадарци, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

– Синоќа во 19.55 часот во ОВР – Кавадарци е пријавено дека на улица „Ленинова“ во градот, случена е сообраќајна несреќа. Притоа, пешак – малолетник, кој во моментот на несреќата туркал тротинет, се удрил во возило „волксваген тигуан“ управувано од Ј.Н., на возраст од 19-години од Кавадарци, појаснија од СВР – Велес.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општа болница – Кавадарци.

Известен бил јавен обвинител. Увид бил извршен од увидна екипа од ОВР – Кавадарци.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

„Боите на Свети Трифун низ делата на ликовните уметници“, традиционална изложба во Музеј галерија – Кавадарци

А1он