ПЕС групата министри од земји-членки на ЕУ со поддршка за преговори со Северна Македонија

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска во Луксембург учествуваше на состанокот на Министрите од земји-членки на ЕУ кои се дел од групата ПЕС – Партија на европските социјалисти, каде уште еднаш образложил зошто Северна Македонија ја заслужи одлуката за почеток на преговори со ЕУ.

Состанокот, како што информираат од МНР, се одржал непосредно пред почетокот на Советот за општи работи на ЕУ, а со кој претседавал германскиот државен министер за Европа Михаел Рот.

Министерот Димитров, како што информираат од МНР, на состанокот образложил зошто Северна Македонија ја заслужи одлуката за почеток на преговори со ЕУ, нагласувајќи ја важноста на моментот и висината на влоговите, како за земјата, така и за регионалниот контекст, но и за самата Унија.

– Во моментов станува збор за одлука за Северна Македонија, земја која 14 години чека почеток на преговори со ЕУ, притоа решавајќи го „невозможното” на надворешен план и правејќи целосен демократски пресврт на домашен план. Но, станува збор и за политиката на проширување на ЕУ и за европската перспектива за самиот Балкан. Во суштина, станува збор за тоа дали ЕУ ќе го остави светилникот вклучен, изјавил Димитров.

Министрите присутни на состанокот, се вели во соопштението, ја повториле својата поддршка и изразиле надеж дека ќе се постигне консензус за позитивна одлука. Сепак, ситуацијата околу одлуката на денешниот министерски Совет за општи работи е неизвесна, при што не се исклучува прашањето да се префрли на Европскиот совет на шефови на држави и влади.

Би можело да ве интересира

Сали: ЕК испраќа позитивна порака, Македонија го следи патот кон ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

ЕУ: Нема да има дополнителни 220 милиони евра грантова помош за Украина

Ќе се лансираат американски ракети од европски лансери

Мацинка: Чешка силно го поддржува што поскорото членство на Македонија во ЕУ

Латвија бара седум милијарди евра од ЕУ поради прекинот на трговијата со Русија

А1он