Период на облачни денови, од четврток врнежи

Од:

Времето денеска во државата е променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини има појава на магла. Дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.

Во Скопје, променливо облачно, претпладне во делови од котлината со појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.

Според УХМР, следува период на променливо облачно време со услови за појава на утринска магла по котлините. Локални врнежи од дожд ќе има од четврток, а поради продор на постудена воздушна маса од север во недела на планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег.

Би можело да ве интересира

Облачно со дожд денеска, во следните денови пад на темепратурата

Сончево време со мала до умерена облачност, попладне услови за слаб локален дожд

Катерина Ѓуровски

Сончево со температури до 20 степени

Сончево и температури до 21 степен

Сонце, малку ветер и температури до 18 степени

Облачно, локален дожд и температури до 16 степени