Перински и Ганиу ќе ги чекаат анкетите на нивните партии за да видат дали ќе ги кандидираат на локалните избори

Од:

Министерот за локална самоуправа Златко Перински и градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу ќе ги чекаат анкетите кои ги спроведуваат нивните матични политички партии за да видат дали ќе ги кандидираат на нивните партии дали ќе ги кандидираат на локалните избори што треба да се одржуваат есенва.

При денешната посета на Општина Чаир во рамки на теренските посети на општините – „Каде што срцето е дома“, Перински во изјава за медиумите рече дека уште е рано, но оти е потенцијален кандидат за градоначалник на Град Скопје.

-Времето ќе покаже. Се уште е рано. Апсолутно дека сум потенцијален кандидат за градоначалник. Но, се уште нема конечна одлука. Ќе видиме во која насока, рече Перински.

Ганиу изрази убедување дека кој и да биде кандидат за градоначалник на Општина Чаир, кандидатот на ВЛЕН ќе биде квалитетен и способен да ја води општината на најдобро можен начин.

-Партијата ќе одлучи за тоа. Сигурно дека прават анкети. Но, јас сум убеден дека од Демократското движење и како ВЛЕН, и ако не е Висар Ганиу, кој и да биде од тие кандидати што ќе ги поставуваат во анкета, јас мислам дека секој има способоност и квалитет да ја води оваа општина на најдобар можен начин. Секој што ќе биде избран за да биде кандидат во иднина јас сум убеден дека ќе биде вистинскиот кандидат да им служи на сите граѓани, рече Ганиу.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

Јакимовски: ВМРО-ДПМНЕ во Карпош не победивте! Силувавте! Карпош го украдовте

ДИК ги објави конечните резултати за Скопе и 29 општини

Катерина Ѓуровски

Хаким Рамадани поднел приговори за вториот круг од изборите во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Хаќим Рамадани по поразот во Брвеница бара работа само во приватни компании

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници