ПЕП 21: Демонстрација на инает

Од:

ПЕП 21 прашува дали со поставувањето на споменици на Двоглав орел и 50 метарски крст во Скопските општини ќе се зголеми чуството за националната припадност кон заедницата или верата на граѓаните во Република Македонија, без оглед дали се Македонци или Албанци, или пак преку демонстрирањето на инает, а притоа подгревајќи ги националните чуства на граѓаните челниците од владеачките партии, треба да ги спасат сопствените глави.

Нивната суровост и немилост кон граѓаните на Република Македонија нема крај. Со единствена цел да направат немири и омраза меѓу граѓаните за свои лични интереси и партиски цели продолжуваат со валкани игри без ронка совест дали некој ќе биде повреден.

ПЕП 21 ги повикува граѓаните на Република Македонија на единство и разум, да не потклекнуваат на провокациите на челниците на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, бидејќи ова е сценарио со кое тие сакаат да не одалечат од реалните проблемии кои ни ги наталожија овие 10 години наназад, а воедно по секоја цена да останат на власт.

Би можело да ве интересира

Продолжуваат кражбите на бронзени бисти од гробиштата Бутел

(ВИДЕО) Филипче: Во недела изберете луѓе со интегритет, не послушници на Мицкоски

Ливриниќ на средби со жителите на населбата Ферид Бајрам – најавени нови инфраструктурни и комунални инвестиции

Ливриниќ: Ќе изградиме нова зелена оаза и простор за рекреација за сите генерации

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Костовски: Во општина Бутел направивме спортска револуција

Горан Наумовски

Шукова: БРТ системот ќе го подобри транспортот и во Општина Бутел, планираме воведување на две клучни линии

Горан Наумовски