Пензионерите понудија 600 денари за месечна карта во ЈСП

Од:

Скопските пензионери дадоа уште еден предлог за начинот на користење на јавниот автобуски превоз, доколку не се прифати нивниот првичен со кој се бара да се возат бесплатно секој ден наместо само во вторник, петок и сабота, какво што е актуелното решение.

Тие како опција понудија цената на месечните карти за пензионерите од 1.050 денари да се намали на 600 денари, а овој предлог е донесен на вчерашната седница на Сојузот на здруженија на пензионери.

Ова ќе му биде соопштено на градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, доколку не добијат бесплатен превоз во сите денови и сметаат дека со вакво евентуално решение ќе се ублажат трошоците што пензионерите ги прават за користење на градскиот јавен превоз во останатите денови.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Изгоре автобус на ЈСП на Водно

Предраг Петровиќ

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски