Пензионерите од Карпош спортуваа и на дожд

Од:

Врнежливото време не ги спречи пензионерите од двете пензионерски друштва од Општина Карпош, ЗП „Тафталице ДДД“ и ЗП „Карпош“, да си ги одмерат силите во петте десциплини на овогодинешните Спортско пенизонерски игри.

Во организација и под покровителство на Општина Карпош и Одделението за спорт и култура при локалната самоуправа, третите по ред пензионерски игри поминаа во фер и спортска атмосфера. Со своето присуство ги почести и градоначалникот на општина Карпош, Стево Јакимовски и им напомена дека за девет години и тој ќе биде дел од овие игри.

-Јас навистина секогаш сум среќен кога сум во друштво со пензионерите, затоа што влегов и јас во 55-та година. Тоа значи дека за девет години чекајте ме зошто и јас ќе бидам дел од овие игри. Мило ми е што имаме добра соработка, што се поддржуваме и што имате дух за спортување. Секогаш вашите активности ги поддржуваме, а денеска ви посакуваме овој празничен ден да помине во фер и спортска борба. Да победат оние кои што се со најдобра кондиција и кои имаа најмногу дух во себе – рече Јакимовски, ги поздрави и им посака догодина да се повесели и со повеќе сила.

Дека годините не се важни се додека виталноста е присутна кај граѓаните од третото доба денес покажаа околу 80-на пензионери кои се натпреваруваа во пикадо (мажи и жени), трчање (60 метри жени и 80 метри мажи), фрлање ѓуле (мажи и жени), влечење јаже (мажи и жени) и скок во далечина (мажи). Оваа спортско рекреативна манифестација заврши со пригоден ручек, а победниците и поразените само го зацврстија нивното долгогодишно пријателство.

Пикадо (мажи):

1.Борче Здравковски
2.Миле Димитровски
3.Живко Велјановски

Пикадо (жени):

1.Божана Божинова
2.Радка Илиоска
3.Виолета

Трчање (60 метри жени):

1.Љубица Петрушевска
2.Верка Андонова
3.Пандора Тодоровска

Трчање (80 метри мажи):

1.Митко Михајловски
2.Павле Трајковски
3.Ристо Димитров

Фрлање ѓуле (мажи):

1.Павле Трајковски
2.Алексо Алексоски
3.Павле Марковски

Фрлање ѓуле (жени):

1.Цвета Миновска
2.Лепослава Митковска
3.Борка Стојковска

Скок во далечина (само мажи):

1.Ивчо Кралевски
2.Мирко Михајловски
3.Ноки Трајановиќ

Влечење јаже (мажи):

Победници ЗП „Тафталиџе ДДД“

Влечење јаже (жени):

Победници ЗП „Карпош“

Би можело да ве интересира

Истрагата откри: Стојанче Јовановски цели седум години ја тепаше, малтретираше и ја понижуваше сега покојната Ивана

Горан Наумовски

Отворена e истрага за надзорот во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Горан Наумовски

Судот му го продолжи притворот на Стојанче Јовановски по трагедијата во Карпош

Притвор за сопругот на Ивана, се сомничи за наведување на сторување самоубиство

Предраг Петровиќ

Ден по трагедијата во Карпош – Министерството за социјална политика тврди: Починатата Ивана поднесе тужба за развод во октомври

МВР за трагедијата во Карпош: Стојанче Јовановски има обемно криминално досие

Горан Наумовски