Пензионерите го добија ветеното зголемување на пензиите

Од:

Околу 286 илјади пензионери денеска го добија ветеното зголемување на пензиите. На нивните сметки утрината се уплатени средствата за февруарската пензија која е зголемена за 550 денари линеарно за секој пензионер.

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески изјави дека зголемувањето на пензиите е целосно вклопено во проекциите на Буџетот за 2013 година и оти пензионерите можат да бидат спокојни дека секој месец ќе ги добиваат навреме пензиите покачени за 550 денари.

– На тој начин директно го помагаме животниот стандард на пезионерите. Секако, средствата никогаш не се доволно, но секое зголемување во вакви тешки времиња значи многу. Ние тоа го ветивме и го реализиравме, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески по денешната средба во Сојузот на здруженија на пензионери.

Најави дека Владата ќе продолжи со политиките за зголемување на пензиите и оти во 2014 и 2015 година се планирани нови покачувања доколку општите економски услови го дозволат тоа.

Ставрески потсети дека освен зголемувањето на пензиите, во изминатиот период се реализирани и низа мерки со кои се подобруваат условите за живот на пензионерите како што се намалувањето на цените на лековите, обезбедувањето на бесплатниот престој во болниците и бесплатниот јавен превоз.

Покрај зголемувањето на пензиите, од денеска за пет проценти е покачена и социјалната помош.

Би можело да ве интересира

Велковски: Со пензија под минималната и потрошувачка кошничка од 57.000 денари пензионерите едвај преживуваат

Горан Наумовски

Велковски: Срамота е да се каже дека пет отсто е зголемување на пензиите

Ковачевски: Повеќе за сите е мерката за поддршка на пензионерите до 15.000 денари за 5 месеци

СДСМ: Антикризните мерки од 662 милиони евра опфаќаат 187.000 пензионери

Горан Наумовски

Антикризни мерки: Учениците ќе добиваат од 1.200 до 1.800 денари месечно, по 3.000 денари за пензионерите со ниски пензии

Орце Костов

Ковачевски: Пензиите ги зголемивме на историско ниво, има 100 милиони евра повеќе за 2024 и антикризни мерки, поддршката е системска, а не предизборна