Пензионерите ги доставија своите барања: Минимална пензија да биде 18.000 денари

Од:

Пензионерите од цела Македонија се одлучи во намерата да ги издејствуваат сите барања кои ги имаат до министерството за труд и социјална политика за покачување на пензиите, но и за промени во социјалната политика на државата кон следните пензионери.

Пензионерката Верче од Прилеп која е иницијатор за ваков голем протест, рече дека пензионерите се најединствени досега и дека нема да се повлечат и да потклекнат на провокации од политичките партии.

– Нека излезе Тренчевска и нека не испочитува, да види дека ние сме мирни и немаме никакви обележја. Кога штрајкуваше администрацијата, таа беше во првите редови со нив, зошто се плаши од нас. Министерке дојдете да направиме споредба со вашите 78% и нашите 6%.

Мотивот за протест е следниот. Ако тргнеме од 2018 година, просечната плата се зголемила за 13.000 денари, минималната за 11.000 денари, а просечната пензијата е зголемена за 4900 денари. Нашето зголемување за сите изнесува 1.750.000 евра месечно, а Владата одвои на непочнат автопат 175 милиони евра. Годишно за секој пензионер требаат 42.000 денари зголемување што ќе се употребат за огрев, струја и парно.

Во маркет во рафт не пишува цена за пензионери, во аптека или на пазар. Никој не не прашува со колку живееме – рече таа.
Пензионерите бараат ревизија да го испита работењето на Сојузот и да се види каде оди членаринат од 30 денари.

Тие бараат Владата да го почитува Законот за усогласување објавен од Државниот завод за статистика објавен од ноември 2021 година и да одреди минимална пензија од 18.000 денари. Сојузот на пензионери веднаш да се укине затоа што според нив не ги застапува интересите на пензионерите, а побараа да се укине членарината од 30 денари. Исто така бараат и зголемување на надоместокот за социјална помош на лица кои останале без работа се до остварувањето на правото на пензија и зголемување на надоместокот за мобилност.

Би можело да ве интересира

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија