Пенов за министерското место: Се е во игра, но не можам да давам изјави

Од:

На Ристо Пенов кој два мандати беше градоначалник, а се споменува за можен министер за локална самоуправа на местото од Горан Милевски, му е рано да дава изјави. Не сака да коментира дали ќе биде предлог на ЛДП, дали е подготвен за министерска функција, ниту дали сака министерско столче. И покрај инсистирањето од „А1он“, Пенов вели „Се е рано за такви работи да зборувам“.

Името на Пенов кој од 1996 до 2005 година го водеше градот Скопје цела недела циркулира во јавноста како наследник на Милевски кој поднесе оставка. Од ЛДП засега нема официјален став по ова прашање. Пенов, чека работата да биде, како што вели, посериозна, за да даде изјава.

„Се е во игра, рано е, но не можам да давам изјави, треба да биде посериозна работата“, додаде Ристо Пенов.

Нема одговор од Пенов ниту на прашањето дали веќе ја добил понудата да раководи со Министерството за локална самоуправа. Тој не сакаше да коментира во какви односи е со министерот во заминување Горан Милевски, кој заминува и од лидерското столче на ЛДП.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Алармантна е состојбата во Градскиот парк

Катерина Ѓуровски

ЛДП: Граѓаните добиваат моќ:,Владата ја прифаќа нашата иницијатива за референдумско отповикување

Почина Филип Аврамчев

Средба Зајкова – Кос: Македонија мора да биде подготвена како Исланд за членство, а ЕУ да биде искрена, брза и креативна во поддршката

Зајкова: Среќен и благословен Бајрам – исполнет со мир, хармонија и заедништво

Предраг Петровиќ

Јанкоски: ЛДП бара итна и темелна истрага за нападот на вработената во социјалното во Прилеп