Пенов: Не сме задоволни од ангажманот на општините во прибирањето на сопствените средства

Од:

Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов денеска од Струга порача дека не се задоволни од ангажманот на самите општини во прибирањето на сопствените средства, укажувајќи дека иако Владата го зголемила финансирањето, идејата на децентрализација е поголема финансиска самостојност на локалните самоуправи.

Прашан за финансиската состојба во општините, по потпишувањето на договорот за реконструкција на ЈЗУ Завод за Нефрологија во Струга, Пенов забележа дека состојбата не е страшна бидејќи државата платила половина од нивните долгови.

– Состојбата сега не е толку страшна, каква што била, бидејќи пред две – три години на сите општини и јавни претпријатија 50 отсто од долговите им се избришани, односно ги плати државата. Во меѓувреме Владата го зголеми учеството во финансирањето на општините. Но, мора да кажам дека ние не сме задоволни од ангажманот на самите општини во прибирањето на сопствените средства. Идејата на децентрализацијата е општините до максимум да ги искористат средствата кои им стојат на располагање за сопствено финансирање и тоа да претставува поголемиот дел од општинските буџети визави дотациите што ги добиваат, рече ресорниот министер во изјава за медиумите.

Според него, општините прибираат само 30 проценти од потребните расходи, а останатите 70 отсто им ги дава државата.

– Ние не сме надлежни за контрола на општините, дури и законски не е издржано Владата да ги контролира на тој начин, бидејќи имаме целосна децентрализација. Кај општините кои се појавуваат подолго долгови, проблем е што градоначалниците и општинските совети ги штитат граѓаните да не плаќаат или да плаќаат мали давачки кои се несоодветни да ги покријат потребите за одржување на комуналните услуги, рече Пенов.

Би можело да ве интересира

ЛДП предлага отповикување на градоначалници и широка расправа по однос на Законот за локална самоуправа

ВМРО-ДПМНЕ: Локалната самоуправа има три пати повеќе доверба од народот за разлика од власта

Пенов: Со изградба на стационар Владата го решава проблемот со бездомните кучиња во девет општини во Вардарскиот регион

Ана Ололовска

Пенов: Со барањето за „заедница на албанските општини“ некој сака да лови политички поени

Ана Ололовска

Димитровски поднесе оставка од функцијата заменик-министер за локална самоуправа

Ана Ололовска

Со отвора новата ИПА3 Програма за финансирање на проекти за прекугранична соработка со Грција во вредност од 33 милиони евра

Ана Ололовска