Пенков: Нема дa дозволиме профит на сметка на здравјето и животната средина во Неготино

Од:

„Владата предводена од СДСМ донесе скандалозна одлука за утврдување на статус на стратешки инвестициски проект односно фабрика за согорување на отпад во Општина Неготино и покрај тоа што пред неполни две години граѓаните јасно го кажаа својот став против овој тип на инвестиција во срцето на Тиквешијата. Ставот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ по повод ова прашање е јасен. Нема да се дозволи остварување на профит на сметка на здравјето на граѓаните, но и на животната средина и лозарството кое е витална гранка во општината“, рече Златко Пенков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија.

„Повеќе од очигледно е дека жителите на Општина Неготино живеат под закана од загрозување на нивниот живот, како и загрозување на целиот растителен и животински свет. Оваа закана произлегува од катастрофата наречена СДСМ, која помеѓу здравјето на сопствените граѓани и профитот, одбра да му робува на профитот и сомнителните зделки.

Наместо да разговараме за инвестиции, нови работни места, решавање на секојдневните проблеми на граѓаните, постојано се повторуваат зборовите ѓубре, отпад, депонија, фабрика за преработка на комунален отпад.

Пред година и половина силно и недвосмислено ги поддржавме граѓаните во напорите да се спречи отварање на депонија во општина Неготино, но сега јасно се гледа зошто некој со сите сили сепак се трудеше да нема Референдум по прашањето против депонии и слични загадувачи. Сега на сите им е јасно зошто и покрај собраните потписи, не се дозволи Референдумот во Неготино, за да можат разни квази „експерти“ да зададат удар врз општината, при тоа не водејќи сметка за ништо друго освен како да се оствари профит.

Како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ сакаме да им порачаме на граѓаните на општина Неготино и на целиот Тиквешки регион дека стоиме заедно со нив и нема да дозволиме овој регион да биде познат по отпад, ѓубре и депонии наместо по виновата лоза, убавото и квалитетно вино и ракија и чиста и здрава средина за живеење.

Ќе ги разгледаме сите опции со граѓаните кои што ни стојат на располагаме и заедно ќе се бориме против оваа закана која што го загрозува здравјето на сите нас и влијае штетно врз лозарството како приоритет и претставуваат опасност за целиот жив свет во Општина Неготино и Тиквешијата“, изјави Златко Пенков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски