Пендов: Нема да се признае нечесно фаќање на крстот

Од:

Поучени од онашто се случуваше минатите години кога за време на фрлањето на крстот во водите на Охридското езеро за време на празникот Водици, присутните на Градското пристаниште многу често со исвиркување реагираа на начинот на фаќањето на крстот, од Здружението Богојавление од Охрид кои се организатори на целата манифестација рекоа дека ако некој годинава се обиде на нечесен начин да го фати крстот тогаш нема да ги добие наградите кои му следуваат.

„Доколку некој нечесно го фати крстот тогаш нема да ги добие наградите кои ги дава здружението, сребрениот крст, охридски бисери, златен крст и неколку други. Целиот настан се снима со повеќе камери и ако констатитраме дека крстот е фатен нечесно и оти некој скокнал предвреме или користел недозволени средства во сето тоа, назад неможеме да го вратиме фатениот крст, но нема да ги добие останатите вредни награди и истите ќе одат во добротворни цели. Еднаш засекогаш мора да се стави ред“, рече Димитар Пендов од Здружението Богојавление
Пендов под нерегуларности подразбира скокање од соседните бродови, од кајче или излегување од подвода.

„Сите кои ќе скокаат по крстот треба да се држат до оној простор кој ќе биде посебно одбележан. Во оној момент кога владиката ќе го фрли крстот тогаш сите заеднички да тргнат. Оваа година ќе има додатно обезбедување , а просторот ќе биде посебно обележан со пловки. Затоа ги повикуваме оние кои ќе скокаат по крстот да чекаат, да има фер плеј борба и по него да скокнат во оној момент кога владиката ќе го фрли крстот. Со тоа заесекогаш ќе ги елиминираме озборувањата дека е нешто наместено и дека е однапред подготвено кој ќе го фати крстот“ рече Пендов.

И Владиката Тимотеј од организаторите побарал да се создаде ред во однос на начинот на фаќањето на крстот. Годинава по светиот крст во Охридското езеро на 19 јануари ќе скокаат рекорден број капачи, повеќе од 1200.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on