Пендаровски: Организаторите на дочекот на Курти во Тетово и во Чаир да бидат казнети

Од:

Истакнувањето на провокативна националистичка иконографија што промовира великодржавни шовинистички идеи претставува разгорување на етничка омраза и нетрпеливост со што недвосмислено се напаѓаат основните принципи и вредности на Рамковниот договор како и концептот на Македонија како мултиетничка држава се фели во реакцијата на претседателот Стево Пендаровски во врска со вчерашната посета на косовскиот премиер Албин Курти на Чаир и на Тетово.

– Организаторите на јавните собири во Тетово и во Чаир мора да бидат законски санкционирани за кршењето на законските одредби во однос на употребата на државното знаме и химна и знамињата и симболите на заедниците, со целосно игнорирање на симболите на државата. Во таа насока ги повикувам надлежните органи во најкус можен рок да ги завршат пропишаните постапки, вели Пендаровски.

Претседателот вели и дека начинот на реализација на идејата за преименувањето на улицата во општината Чаир е во спротивност со принципот на демократска дебата и почитување на историското наследство на сите заедници во државата.

– Во таа смисла, очекувам надлежните инспекциски служби да проверат дали при носењето на одлуката е почитуван принципот на двојно мнозинство, кој треба да ги вклучува и гласовите на заедниците кои не се во мнозинство во таа општина, реагира претседателот.

Би можело да ве интересира

Симиќ: Во експозето на Курти нема Срби, ниту пак правата што ни се гарантираат со Устав не ни се загарантирани

Избрана нова влада во Приштина, Курти е премиер по трет пат

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Курти доби мандат за формирање на нова косовска Влада

Курти во Скопје, МВР најави посебен режим на сообраќај

Курти: Косово и Србија мора да ги нормализираат односите

А1он