А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Пендаровски за новиот грб: Ниту Кастро не ја менувал историјата на својот народ

by А1он07/12/2014 - 10:0377
Share0

Вечерва во Прилеп се одржа трибина на СДСМ и коалицијата “Заедно со граѓаните”, претседателскиот кандидат на СДСМ за изборите 2014 година повика да излеземе на улица и да им дадеме поддршка на студентите, јави Револуционермк.

Следете a1on на Instagram Instagram

“На 10 декември во Скопје е закажан голем студентски протест на Студентскиот пленум, би ве замолил сите немојте да се обрукаме како луѓе и да не им дадеме поддршка.Сите тие се наши деца и сите тие ја бијаат само својата битка тие ја бијаат и нашата битка или заедно со нив ќе ја добиеме оваа битка или сите заедно ќе пропаднеме !”

Пендаровски исто така објасни што прави опозицијата во овој момент:

“Опозицијата прави две работи кои што мора да ги прави, а и мене друга алтернатива.Најпрво опозицијата комплетно се повлекува од централните институции после последните избори, со цел да се делегитимираат институциите, поради тоа што ако останат внатре во системот стануваат соучесници на таквите криминални избори.И второ опозицјата инсистира такви криминални избори да не се повторат никогаш повеќе.Ја слушнавте и изјавата на специјалниот известувач Ховит кој што јасно спомна дека во Македонија може да се повтори 2001 година, и тој ли е од СДСМ ? Не не е ни од СДСМ, не е човекот од Македонија.”

Следете a1on на Youtube YouTube

Пендаровски ја критикуваше актуелната намера на власта да го смени државниот грб, потенцирајќи дека такво нешто не направил ниту Фидел Кастро. Како што рече Пендаровски, ниту на Кастро не му паднало на памет да ја менува историјата на сопствениот народ.

Генералниот секретар Оливер Спасовски кој недвосмислено кажа дека прифаќање на пратеничките мандати НЕМА, опозицијата останува надвор од Парламентот на Република Македонија.

“Ме сретнаа неколку граѓани надвор пред да влеземе во салата ме прашуваат, дали вечерва нешто во Прилеп ќе пукне, им одговорив вечерва Груевски пукна од мака зошто е вака во Прилеп.Овие трибини, дебата со јавноста и разговори пред се ги правиме за да вратиме нешто што и недостасува на Македонија.Да се слушнат различни мислења, во државата и од тоа да извлечеме заклучок за попросперитетна Македонија.Многу теми не мачат, многу прашања немаат одговор и притоа никој не сака да разговара, а намјногу оние кои што носат сериозна одговорност.Бега Груевски, бегаат министрите и никој не сака да се соочи со граѓаните.Ние сакаме затоа како здружена опозиција и цел тим кој е вечерва со мене, да разговараме со граѓаните, да ја слушнете нашата визија и да ги слушнеме вашите предлози за подобра Македонија.Не за ваква Македонија, туку за поинаква демократска слободна и европска Македонија, таква каква што започна да ја гради претседателот Киро Глигоров.”

На прашање од посетителите на трибината претседателката на комисијата за земјоделие, Прентовиќ предложи тутунските комбинати да го откупат цел произведен тутун, па потоа да бараат пласман на истиот, да не претпрат штета тутунарите.

Пратеничката на НСДП уште еднаш ја потврди поддршката на коалиционите партнери за неприфаќањето на пратеничките мандати.

извор: Револуционер.мк

sdsm

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски19/08/2026 - 09:0719/08/2026 - 11:02

СДСМ: Гостивар не заборава – додека граѓаните се труеја, Мицкоски славеше

Горан Наумовски19/08/2026 - 08:4919/08/2026 - 08:53

СДСМ: Додека луѓе умираат од западнонилска треска – во Драчево организираат кино на отворено

Горан Наумовски18/08/2026 - 15:09

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

Катерина Ѓуровски18/08/2026 - 13:27

(ВИДЕО) Петрушевски: Талогот од СДС остана без политика, па измислува кризи, фактите ја рушат нивната паника

Горан Наумовски17/08/2026 - 11:3017/08/2026 - 11:30

СДСМ: Поради необјавување на резултатите од анализата на водата – Мицкоски и Клековски шират паника

Горан Наумовски17/08/2026 - 10:53
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео