Пендаровски во Врапчиште: Пред 5-ти јуни мора да се исполнат сите услови за фер избори

Од:

Носителот на столбот Партнерства за демократска Македонија, Стево Пендаровски заедно со членката на Извршен одбор, Сања Лукаревска и пратеникот Стојко Пауновски, денеска беа помеѓу граѓаните на општина Врапчиште.

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ 10 години ги делат тендерите, Груевски и Ахмети се браќа по пари. Соочени со фактот дека немаат никаков резултат позади себе, се обидуваат да фингираат меѓуетнички тензии. Овие филмови на Никола Груевски и Али Ахмети не поминуваат, нагласи Пендаровски во село Галате.

Граѓаните се согласија дека во Македонија се потребни промени, со цел да се вратат слободата, демократијата и европските вредности во земјата.

Stevo Pendarovski

Мора сите ние да влијаеме да се поттикне заедништвото наспроти поделбите коишто ги наметнуваат Груевски и неговите најблиски соработници. Тие така функционираат, делејќи го народот. Македонија е наша земја, ние немаме резервна тактковина. Мораме да бидеме дел од светот, да се натпреваруваме со другите земји, а не самите помеѓу себе, потенцираше Пендаровски.

На средбите со граѓаните во Зубовце стана збор и за актуелната политичка состојба во Македонија.

Пред да дојде 5-ти јуни, ќе мора да се исполнат условите за одржување на фер и демократски избори, рече Пендаровски.

Никола Груевски се обидува да си ја спаси сопствената кожа. ВМРО-ДПМНЕ и Груевски не победуваат на слободни и демократски избори. Тоа го потврди и Уставниот суд со срамната одлука со којашто се потврди дека во Македонија се правеле изборни измами, истакна Пендаровски.

Би можело да ве интересира

Филипче: Мицкоски да одговори зошто со законски измени се брише одредбата за уплата на 6% во вториот столб?

Бројките се немилосрдни и ги демантираат СДС, ДЗС вчера објави дека реалната нето-плата во септември пораснала за над 5%

СДСМ: Крпен живот, кошничката се доближи до 71.000 денари – само за храна се потребни 26.000 денари

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС продолжуваат со лагите и манипулациите за Алта банка, овој пат јавната аукција сакаат да ја претстават како тајна зделка

(ВИДЕО) СДСМ со амандмани бара 2.500 денари повеќе месечно за студентски оброк и стипендии од 8.000 денари

СДСМ: 51 милион евра не се префрлени во вториот пензиски столб – кривична одговорност треба да започне од Мемов