Пендаровски во посета на Пустец

Од:

Претседателот Стево Пендаровски во придружба на сопругата Елизабета Ѓоргиевска, престојува во еднодневна работна посета на Албанија, во општините Пустец и Поградец.

Пендаровски во Пустец е пречекан од неговиот албански колега Бајрам Бегај и градоначалникот Пали Колефски.

Шефот на државата присуствуваше на културно-уметничка програма во изведба на уметници од Пустец, по што оствари средба со локалните власти и ја посети црквата Св.„Архангел Михаил“.

Во агендата е и посета на училиштето во оваа општина по што се најавени изјави за медиуми од двајцата претседатели.

Пендаровски ќе го посети и селото Голомбок и ќе се сретне со претставници на Здружението на Македонците од Албанија „Сонце“, а подоцна ќе замине во Поградец каде исто така ќе има средба со локалните власти.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Пустец е доказ дека припадноста не се брише, дека коренот останува, дури и кога над него дуваат силни ветрови

Беснее пожарот во Националниот парк „Преспа“, тешко оди неговото локализирање

Голем пожар, кој брзо се шири е регистриран во Националниот парк „Преспа“

Горан Наумовски

„MEET Преспа”– фестивал што ги обединува културите во регионот утре во Пустец

А1он

Албанскиот претседател се сретна со Али Ахмети и порача дека Албанците се одлучувачки фактор во Македонија

Сиљановска-Давкова го прими албанскиот претседател Бегај во Охрид

А1он