Пендаровски во охридско: Заедничка обврска е да го поразиме криминалот

Од:

Денеска, носителот на столбот Партнерства за демократска Македонија, Стево Пендаровски, заедно со членовите на Извршниот одбор на СДСМ, Пеце Мирчевски и Ѓоко Танасоски, беа помеѓу граѓаните на Охрид.

Лошата економска ситуација во државата силно се чусвтвува и во Охрид. Изминатите години на економско назадување и стагнација го направија Охрид празен град. Навечер нема никој ниту во чаршијата ниту по улиците. Младите масовно се иселуваат од македонскиот бисер. Криминалот и корупцијата на ВМРО-ДПМНЕ целосно го запустеа Охрид. 

pendar (6)

Граѓаните мака мачат и со проблемите во здравството, образованието, социјалата. Граѓаните од околните населени места се жалат дека за еден антибиотик се принудени да патуваат по неколку километри до Охрид само за еден антибиотик.

pendar (4)

-Тоа ли се реформите во здравството да нема антибиотици? Тоа знаеме ние што е, тоа е голем криминал, рече еден од граѓаните. 

Здравствениот систем во Македонија е целосно срушен, нема основни услови за лечење на граѓаните. 630 милиони евра се потрошија за споменици а за 10 нови клинички болници во поголемите градови во Македонија се доволни 300 милиони евра. Не се мисли на граѓаните. Ако не земат кредит, овие во заминување не можат да го поминат денот. Криминалците што го донесоа народот до ова дереџе мора да одговараат,  истакна Пендаровски на средбите со охриѓани.

pendar (3)

Во чаршијата во Охрид Пендаровски се сретна и со граѓаните од турска националност.

Кохезијата на македонското општество е на најниско ниво. Не разнебитија и скараа оние кои се обединети во криминалот и корупцијата. Затоа имаме обврска да се обединиме во општонароден фронт против најголемиот непријател на иднината на Македонија, Никола Груевски и неговата банда, рече Пендаровски.

pendar (1)

Би можело да ве интересира

Левица: Скандалозниот тендер на Јанушев од еден милион евра заврши кај поранешен советник на СДС во Струмица

(ВИДЕО) Јанковиќ: Вицепремиерот Арбен Фетаи не сака да одговара на македонски јазик, тврди „уште не бил спремен“

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги штити Виктор Димовски, Еролд Муслиу и Љупчо Коцевски

Филипче од Париз: Потребен е проактивен пристап и политички консензус за напредок кон ЕУ

И СДСМ обвинува дека преку тендер кој го распишал Јанушев ќе се финансира кампањата на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ги лаже скопјани со „EXIT“