Пендаровски во Кичево: Со поканата за НАТО и  ЕУ ќе се отворат нови перспективи за младите 

Од:

Граѓаните многи добро знаат што значи заединштво, соживот и како тоа се одрзува на напредокот. Затоа мнозинството ќе гласа за опцијата која ја носи Северна Македонија напред, а не како другата опција која сака да не врати назад  во темното минато, рече Пендаровски вечеева во Кичево.

„Изминува последната недела,  пред одлуката на изборите.

Нашиот глас одлучува, дали Северна Македонија ќе оди напред кон сигурна иднина во НАТО и ЕУ или ќе се врати назад.

Дали ќе се определиме за опцијата која носи подобар живот, нови инвестиции, нови работни места, перспективи за младите. Вие знаете дека еден од најголемите проблем е  иселувањето на младите.

Со поканата за НАТО и  ЕУ, стотици милиони евра, ќе бидат достапни и отворат нови перспективи младите  овде да живеат, да се вработат, нашите деца и внуци да се тука покрај нас“, рече Пендаровски.

Пендаровски повика граѓаните од сите етнички заедници да го искористат својот глас, и да донесат одлука, во интерес на иднината на државата, сигурноста и стабилноста, да изберат напредок.

-За засилен економски раст, посилен развој на земјоделство и пристоен живот, да
продолжиме заедно напред, рече Пендаровски.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември