Пендаровски во Дебарца повика на максимална излезност на претседателските избори

Од:

Отворените перспективи кон ЕУ и НАТО, носат економски придобивки за развој нашата држава и сите граѓани, порача Пендаровски денеска пред граѓаните во Дебарца.

– Во 2018 година, само по добивањето на поканата за НАТО, во државата влегоа 625 милиони евра странски инвестиции, што е двојно повеќе од најдобрата година на таканаречениот реформатор Груевски. Тоа дополнително ќе се инетнзивира по влезот во НАТО и започнувањето на преговорите со ЕУ, истакна Пендаровски.

Во 2014 година, посочи Пендаровски, бевме морални победници, но сега мораме да бидеме и реални победници. Пендаровски побара граѓаните да не дозволат другата политичка опција да ја врати државата назад, во темниот тунел на груевизмот, бидејќи тогаш и најмногу млади се иселени.

Претседателскиот кандидат Пендаровски, повика на максимална излезност на претседателските избори во недела на 21ви април, а потоа и на 5ти мај.

– Гласот за бројот 3 е глас за обединување и заедништво! Затоа заедно напред кон сигурна иднина во ЕУ и НАТО, повика Пендаровски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски