Пендаровски: Ставовите за „27 април“ се јасни и не зависеа од средбата со Мицкоски

Од:

Ставовите на претседателот Стево Пендаровски за настаните од 27 април се кристално јасни на македонската јавност и тие воопшто не зависеа од средбата со господинот Мицкоски се вели во реакцијата од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски во врска со изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека Пандаровски на средбата се согласил со него, а потоа пред медиумите зборувал поинаку.

„Фактот што по вчерашната средба немаше заедничко соопштение, ниту заедничка прес-конференција, јасно покажува дека секој од соговорниците по средбата ги кажуваше само своите ставови и оценки за тие настани“ – се вели во реакцијата од Кабинетот на Пендаровски.

Во соопштението уште се додава дека претседателот Пендаровски никогаш во јавноста не коментира детали и барања од своите соговорници, особено оние кои се надвор од темите најавени за разговор, така што тоа нема да го направи ниту овој пат.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Цената на горивата се очекува да има влијание врз инфлацијата, но не големо

Горан Наумовски

Мицкоски: Можно е повлекување на мазут од државните резерви

Мицкоски: Владата не размислува за отворање на Уставот

Мицкоски: Граѓаните гледаат кој како работи и во согласност со тоа ја даваат подршката на избори

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски

Мицкоски: Да го негуваме соживотот, да градиме доверба, да вложуваме во заедничка иднина