Пендаровски со поддршка за младите лекари, секој мора соодветно да биде вреднуван за својот труд

Од:

Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски ги поддржува младите лекари и приватните специјализанти во нивната борба за достоинствени плати, информираат денеска од изборниот тим на Пендаровски, кој е кандидат за уште еден претседателски мандат.

-Фер и правилно е секој да биде соодветно вреднуван за својот труд и знаење а младите лекари не само што не смеат да бидат исклучок, туку треба да бидат предводници на тоа правило. Соодветно платени и обезбедени млади лекари и специјализанти денес, се врвни доктори и медицински лица во иднината, рекол Пендаровски .

Според него, обезбедувањето фер надомест, платени придонеси и достојни услови за учење и работа, се главните предуслови, младите лекари и специјализанти своите кариери да ги продолжат тука, во својата земја. Младите лекари и приватни специјализанти, рекол Пендаровски, мора да го добијат она што го заслужуваат.

Би можело да ве интересира

Со Водичите, поставаме пат по кој полесно ќе се движат идните генерации лекари

Горан Наумовски

Повеќе од 160 медицински работници од Газа остануваат во израелските затвори

Се степаа двајца лекари во операциона сала во штипската болница

А1он

Вработените во јавното здравство добиваат повисоки плати

Катерина Ѓуровски

Таравари: Има интерес за враќање на доктори од приватно во јавно здравство

„Стоп за лоши навики“ – ЗЛС најавува нов проект за подигнување на свеста за здрав животен стил