Пендаровски: Силјановска е како Иванов, Мицкоски е како Груевски

Од:

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски поддржан од СДСМ, на денешната трибина со граѓаните на Свети Николе рече дека допрво следува отворањето на европските фондови кои ќе донесат нови инвестиции нови работни места но и конкурентно земјоделство, пораст на откупните цени и стабилизација и сигурен откуп, а дека тоа е најважно за земјоделците.

„Свети Николе има голем земјоделско-сточарски потенцијал. Откога го решивме спорот со името на земјава и се отворија нови перспективи. Порасна економијата, порасна просечната плата, се намали невработеноста. Позитивните резултати во земјава беа видливи по нецела година од Преспанскиот договор, видливи се и денес.

Тој во својот говор се осврна и кон своите политички опоненти.

„Ако некој мисли дека Гордана Силјановска нуди нешто различно од Иванов, се лаже, ако некој мисли дека Мицковски нуди нешто различно од Груевски, се лаже. Ние, заедно со премиерот Заев, заедно со сите прогресивни сили ги отвораме портите на светот за нашата држава“ рече Пендаровски.

Би можело да ве интересира

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада