Пендаровски-Санчез: Шпанија е важен партнер и принципиелен поддржувач на Македонија

Од:

Претседателот Стево Пендаровски, денеска го прими премиерот на Кралството Шпанија, Педро Санчез Перез-Кастехон, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

Поздравувајќи ја првата посета воопшто на еден шпански премиер на нашата држава, претседателот Пендаровски истакна дека Шпанија низ годините се покажа како важен партнер на Северна Македонија на билатерален и мултилатерален план и принципиелен поддржувач на аспирациите за членство во Европската Унија. Притоа, претседателот Пендаровски изрази задоволство од динамиката на политичките контакти во последните неколку години, истакнувајќи дека истите значително придонесуваат за унапредување на односите меѓу двете држави. Во таа прилика, претседателот Пендаровски го истакна интересот за натамошно проширување на економската соработка, трговската размена и инвестициската соработка во наредниот период.

Во однос на одлуката на Европската Унија за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, претседателот Пендаровски оцени дека отворањето на преговорите е од големо значење не само за реформските потфати во двете држави туку има влијание и во актуелните геополитички и безбедносни околности во регионот и на европскиот континент. Во тој контекст, претседателот Пендаровски нагласи дека Северна Македонија останува конструктивен партнер на Европската Унија во одговорот на предизвиците предизвикани од воената агресија врз Украина.

На средбата беше посочено дека претстојното претседателство на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година и претседателството на Шпанија со Европската Унија во втората половина на 2023 година се добра можност за меѓусебно координирање во однос на активностите и приоритетите.

Во текот на разговорот, соговорниците разменија и мислења и во однос на актуелните случувања во регионот на Западен Балкан.

Би можело да ве интересира

Претседателот Пендаровски присуствуваше на Отворениот ден на Армијата по повод 4-годишнината од членството во НАТО и 75-годишнината од основањето на Алијансата

Предраг Петровиќ

ИШ на Пендаровски: Трет ден молк од Николоски дали донирал барем еден денар од неговата 78% зголемена плата

Предраг Петровиќ

СДСМ: Глас за Пендаровски и СДСМ е глас за борба за европска иднина

Предраг Петровиќ

Пендаровски ги кани противкандидатите на две мастер дебати, програмата ќе ја презентира на конвенција на 3 април

Николоски: Пендаровски призна дека се среќавал со контроверзниот консултант Асаф Исеин

Катерина Ѓуровски

Николоски: Каде Пендаровски ја донира покачената плата и дали ќе се откаже од привилегиите зошто ќе загуби