Пендаровски: Продолжување на манадатот на СЈО и формирање специјално судско одделение

Од:

Носителот на кандидатската листа на СДСМ во ИЕ 1 Стево Пендаровски денеска на почетокот на изборната кампања за изборите на 11 декември најави продолжување на мандатот на Специјалното јавно обвинителство, но и формирање специјални судски одделенија за процесуирање на предметите од СЈО.

– По изборната победа на 11-ти декември веднаш ќе се продолжи мандатот на СЈО, со што ќе им се овозможи доволно време за процесуирање на предметите кои произлегуваат од нелегално прислушувани телефонски разговори, истакна Пендаровски во изјава на ул. Македонија во Скопје.

Според него, формирање специјални одделенија не претставува паралелен судски систем, туку во законот постои можност за формирање посебни одделенија, специјализирани за одредени предмети.

Тој истакна дека по изборите ќе се направи и резбор на сите судии со цел на нивните места да се донесат судии кои ќе судат правично, а не по диктат на некоја политичка партија.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените